Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар: Последно известување за гледачите
ФК Вардар: Последно известување за гледачите

ФК Вардар: Последно известување за гледачите

Вардар ги продава последните стотици билети за натпеварот со Копенхаген, останаа уште само малку влезници, а тие се очекува да бидат продадени во текот на денешниот  ден. Билетарницата на стадионот „Телеком Арена“ работи и на денот на мечот од 12 до 19 часот. Во последното соопштение до гледачите клубот го вели следното:

Оние кои веќе имаат набавено билети, ги потсетуваме дека сопствениците на влезниците со блоковите 1, 2 и 3 од јужната трибина, влегуваат од влезот југозапад, односно помеѓу западната и источната трибина. Од таму, но од посебен влез влегуваат и имателите на билети од западната трибина.

Сопствениците на билети од блоковите 4, 5 и 6 влегуваат од влезот југоисток, односно помеѓу јужната и источната трибина, од страна на Фудбаслката Академија на ФК Вардар.

Имателите на ВИП билети влегуваат од средниот влез на јужната трибина, каде што беа старите соблекувални на ФК Вардар.

Уште еднаш потсетување дека новинарите влегуваат од северната трибина, односно од службениот влез помеѓу источната и северната трибина, од каде ќе бидат спроведени кон северната трибина.

Апелираме да дојдете порано на стадионот и да ги избегнете несаканите турканици. Ве молиме да не носите со себе чанти, ситни парички, запалки и други тврди предмети во спротивно ќе Ви бидат одземени од редарите на влезот на трибината.

Со оглед дека овој натпревар е прогласен за меч од висок ризик, и ќе бидат сите супервизори на УЕФА (натпреварот ќе биде генерална проба за европскиот Супер-Куп на 8 август), уште еднаш апелираме на фер и коректно навивање од публиката, без извици на национализам и навреди кон УЕФА која ни даде зелено светло да го играме овој натпревар на „својот“ стадион. Да покажеме почит кон УЕФА, кон сите официјални лица, кон противникот, кон нашиот тим кој се бори да испише нова успешна страница во својата историја.