Tренерот на нашиот вечерашен ривал во ЛШ, Копенхаген, Стале Солбакен имаше пофални зборови за нашиот тим. Истиот сепак на вчерашната прес-конференција немаше добро мислење за македонскиот фудбал. Тој повторно го го пофали Фелипе, но се чудеше што бара таков играч во македонскиот фудбал. Воедно зборуваше и за топлото време во нашиот град.
Нема дилеми дека Фелипе е најдобриот фудбалер на Вардар. Тој е одличен игра за врска, и со сета почит кон нашиот противник, не можам а да не се запрашам како таков фудбалер може да игра во лига како оваа. Ќе треба добро да внимаваме на него, исто како и на Балотели, кој е физички многу силен и може да ни создаде многу проблеми во нападот.
На тренингот беше пеколно, но очекувам на мечот ситуацијата да е подобра бидејќи играме два часа подоцна. И порано имаме настапувано на слични температури во европските квалификации, ќе сториме се за тоа да не влијае врз нашата игра