Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Велковски пријавен, Стојков отпадна

Велковски пријавен, Стојков отпадна

Иако вчера на УЕФА излезе информација за составот на Вардар на кој се наоѓаше Ацо Стојков, сепак тој нема да биде во составот за денешниот натпревар.

На негово место во тимот е пријавен Дарко Велковски кој се опорави од повредата. Нашиот млад играч ги пропушти двата дуели со Малме поради повреда стекната уште на ЕП за млади играчи во Полска.

Вардар вечерва ќе се обиде да стигне до што е можно по поволен резултат пред реванш дуелот кој е закажан следната среда во Данска.