Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Квист: Вардар игра многу мудро и знае да ја прочита играта на противникот
Квист: Вардар игра многу мудро и знае да ја прочита играта на противникот

Квист: Вардар игра многу мудро и знае да ја прочита играта на противникот

Вечерва на арената “Филип Втори„ не очекува фудбалски натпревар, помеѓу Вардар и Копенхаген, во рамките на третото квалификациско коло од лигата на шампионите. Остануваат последните часови до одигрување на овој прв натпревар, од кој можат да бидат појасни некои работи, околу патникот во следната рунда. Во пресрет  на вечерашниот натпревар, играчот на данците, Вилијам Квист истакна дека Вардар е типичен “балкански тим“.

-Вардар е тим каде играат искусни игрсачи со многу репрезентативци. Имаме голема почит за нив, затоа што на некој начин ние сме уште во фаза на развој. Јас би го нарекол Вардар типичен „балкански тим“, играат доста мудро, знаат да ја прочитаат играта на противникот и да ја држат топката. Мора добро да работиме и добро да ја проучиме нивната игра.