Попладнево во просториите на ФФМ беа извлечени паровите за новата сезона во ПМФЛ. Шампионот на Македонија, тимот на Вардар одбраната на титулата ќе ја започне во Тетово против тимот на Шкендија. Ждребот сакаше уште во првото коло да се судрат најголемите претенденти за титулата и оваа сезона во ПМФЛ.
1. коло:
Шкендија – ВAРДАР
Шкупи – Академија Пандев
Победа – Пелистер
Работнички – Ренова
Силекс – Скопје
Според календарот, ПМФЛ треба да започне на 13 август од 17.00 часот.