Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар напаѓа уште една скандинавска екипа
Вардар напаѓа уште една скандинавска екипа

Вардар напаѓа уште една скандинавска екипа

Дојде и овој ден. Пред “црвено – црните” стои уште една пречка од скандинавија Вардар покажа и докажа дека е зрела екипа да се носи со противници кои во минатото настапувале во групната фаза во Лигата на шампионите. Елиминиравме еден таков противник, сега е ред и на уште еден.

Данците иако важат за посериозна и поквалитетна екипа од Малме, сепак, на натпреварите против Жилина покажаа дека имаат и многу слаби страни во својата игра. Вардар посебно треба да обрне внимание на напаѓачите на Копенхаген, данците во својте редови имаат тројца исклучително квалитетни гол играчи. Од друга страна, Вардар нема што да загуби на овој натпревар, туку само може да добие. Како што кажа и капитенот Грнчаров на вчерашната прес-конференцијата, Вардар мора да нападне уште од самиот почеток доколку сака позитивен резултат.

Ние веруваме дека нашите играчи можат да ја поминат и оваа пречка наречена Копенхаген. Вардар на овој натпревар ќе има голема поддршка од над 12 илјади “црвено – црни” навивачи.