Вчера беше првиот ден за фотографирање на фановите на Вардар, со трофејот од лигата на шампионите. Денес истото ќе продолжи во спортскиот центар Јане Сандански, а во текот на вчерашното фотографирање се забележа ново лого на ракометниот клуб Вардар. Инаку на врвот на логото е додадена ѕвездичка, со која се означува освоената европска титула на Вардарци, а тоа го применуваат и другите екипи, кои успеале да ја освојат лигата на шампионитге. Вардар ја имаше најуспешната сезона во историјата на клубот, освојувајќи четири можни трофеи од сите натпреварувања, каде избраниците на Раул Гонзалес се надигруваа со противниците. Најголем и најдрагоцен беше секако титулата од најголемото натпреварување. Вардар има можност за нов, петти и единствен трофеј кој им недостгасува во витрините, а тоа е од неофицијалното светско првенство “Супер Глуоб„, кој во периодот од 25-28-август ќе се одигра во Катар.
Денес фановите повторно имаат можност да го посетат Јане Сандански и да имаат слика од трофејот, како и автограм и заедничка фотографија со некој од играчите на Европксиот шампион.