СКОПЈЕ КУП“ во соработка со Град Скопје и Фудбалската федерација на Македонија по четврти пат е организатор на голем меѓународен младински турнир во фудбал „СКОПЈЕ КУП 2016“. На него учество ќе земат и генерациите на Вардар, родени “2001“ и “2002“ година, односно помладите пионери и пионерите на ФК Вардар. Натпреварите ќе се играат на терените во Горно Лисиче, Ѓорче Петров и на Локомотива.
Од утре започнуваат натпреварите за нашите екипи на овој силен меѓународен турнир. Помладите пионери, кои оваа сезона ќе ги предводи Љупчо Марковски-Калц се наоѓаат во група со екипите на Реал Ниш, Пелистер и Цибалија. Приот меч, оваа генеарција го игра утре со почеток од 09:00 часот на теренот во Горно Лисиче, каде своите натпревари ги игра екипата на Еуромилк. Прв противник за избранциите на Калц е Реал Ниш од Србија.
Пионерите на Вардар во група ќе играат со екипите на Пелистер, Сесвете и Академија Пандев. Утре избранциите на Сашо Тодоровски го отвараат турнирот со екипата на Пелистер, со почеток од 18 часот на истиот терен во населбата Горно Лисиче. Популарниот Рап-Тап успеа минатата година да го освои “Скопје Куп„ токму со пионерите на Вардар. Во големото финале, бевме подобри од тимот на Сесвете од Хрватска, со кој сега ќе играме во групната фаза.