Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Светските обложувалници им даваат поголеми шанси на Вардарци, за пласман во плејофот од ЛШ
Светските обложувалници им даваат поголеми шанси на Вардарци, за пласман во плејофот од ЛШ

Светските обложувалници им даваат поголеми шанси на Вардарци, за пласман во плејофот од ЛШ

Во пресрет на реванш натпреварот од третото квалификациско коло од лигата на шампионите, светските обложувалници излегоа со коефициенти за шансите на екипите да се пласираат во следното коло, односно во плејофот на ЛШ. Според нив, Вардар е фаворит за пласман во следната рунда, однсо поголеми шанси се даваат на нашиот шампион дека може да го елиминира Копенгахен. Не беше ваков случајот пред една недела, кога на срвено-црните им се даваше релативно висок коефициент, над 4.00, додека шампионот на Данска имаше многу омал коефициент за триумф на арената “Филип Втори„. Сепак Вардар уште еднаш одигра добар натпревар и на изненадување на Европската јавност го победи шампионот на Данска, минимално но значајно без примен гол на свој терен.

Копенхаген не се наоѓа баш во најдобра форма, што говори и последниот нерешен резултат пред својата публика, против тимот на Хобро, со кој одигра без голови, резултат од кој може да биде задоволен нашиот противник, со оглед дека Хобро беше екипата која создаде повеќе шанси за постигнување на гол. Овие податоци не треба ништо да значат за Вардарци, кои мора да се сконцтрираат на својата игра и да покажат дека не биле случајни победите против Малме и Копенхаген, ниту пак оној нерешен резултат на гости, против шампионот на Шведска.