Вечерва со почеток во 20-00 часот ќе биде одигран реванш натпреварот на Копенхаген и Вардар. Пред Вардарци стојат само 90 минути од испишување на голема историја. Доколку Вардар остане непоразен на натпреварот во Копенхаген, или загуби со 2:1, тогаш ќе испише историја и ќе се пласира во најмала рака во групната фаза од Лигата на Европа.
Вардарци покажаа и докажаа уште на двомечот против Малме дека се зрела екипа да се носат со противници кои биле дел од групната фаза во Лигата на шампионите. Елиминиравме еден шампион на скандинавија, сега е ред на уште еден. Вардар уште во Скопје покажа дека е далеку подобар тим од фаворизираните Данци. Вардар во Скопје одигра одличен натпревар, на крајот противниците можеа да бидат задоволни што дома си заминаа само со еден гол негатива.
Убедени сме дека Вардар ќе прикаже уште една добра партија. Убедени сме дека Копенхаген повторно ќе одигра слаб натпревар, односно Вардар ќе ги принуди на тоа. Гориме од желба, како играчите, така и навивачите. Вечерва сите навиваме за ФК Вардар!