Вечерва е голем ден за Вардар и Македонија. Вечерва Вардар може да испише историја, доколку успее да го елиминира тимот на Копенхаген. Црвено-црните имаат минимална редност од првиот натпревар, која се надеваме дека умешно ќе ја зачуваат и после одигрување на 90-те минути во Данска. Каде и да сте, во 20:00 часот да бидете пред малите екрани, да пуштите ТВ Нова и да го гледате фудбалскиот натпревар, Копенхаген-Вардар.
Можеби никогаш не сме биле поблиску до пласман во групната фаза од Европските натпреварувања. Во најмала рака имаме играње во групи од лигата на Европа, а најдалеку што можеме да стигнеме е да играме во групната фаза од најголемото натпреварување.
НАПРЕД ВАРДАР, ВО СРЦЕ ТЕ НОСАМ !!