Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Познат составот на Вардар, Којашевиќ во првите 11-сетмина
Познат составот на Вардар, Којашевиќ во првите 11-сетмина

Познат составот на Вардар, Којашевиќ во првите 11-сетмина

За историскиот натпревар против Копенхаген, стратегот на Вардар Гоце Седлоски, се одлучи натпреварот да го започне со следните 11-сетмина.

Стандардно, на голот ќе биде Филип Гачевски, одбрамбената линија ќе ја сочинува стандардната четворка Грнчаров, Новак, Демири и Хамбарџмујан. На средината на теренот исто така нема промени во однос на натпреварот во Скопје, во средината на теренот ќе командуваат Николов и Спировски, Фелипе ќе биде нешто понапред, по крилните позиции ќе бидат Тигран Барсегјан и Дамир Којашевиќ, додека пак во нападот задолжен за голови и на овој натпревар ќе биде Џонатан Балотели.

На клупата за резерви останаа: Алексовски, Џигаури, Брдаровски, Блажевски, Глигоров, Велковски и Муслиу.

Тоа е истиот состав од првиот меч на арената “Филип Втори„ , со исклучок на една замена, каде на местото на Блажевски ќе игра Којашевиќ.