Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Прв пораз за пионерите на ФК Вардар, во денешното коло од “Скопје куп„
Прв пораз за пионерите на ФК Вардар, во денешното коло од “Скопје куп„

Прв пораз за пионерите на ФК Вардар, во денешното коло од “Скопје куп„

Прв пораз за пионерите на ФК Вардар, во рамките на второто коло од турнирот “Скопје куп„. После вчерашната победа против Пелистер, вечерва црвено-црните беа поразени од екипата на Сесвете од Хрватска, кои се покажаа како подобра екипа на теренот. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:0.

На денешниот меч стартуваа следниве 11-сетмина: Рамадани, Ѓурковски, Николов, Илиевски, Астарџиев, Манасиевски (c), Хасановиќ, Ристовски, Ибиши, Димоски, Игнатов.

По првото полувреме, противникот исто така имаше предност од 1:0. Утре во решавачкиот меч за пласман во полуфиналето ќе играме против тимот на Академија Пандев. Мечот ќе се одигра на теренот во Ѓорче, со почеток од 16:45 часот.