Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар не издржа во Данска, Копенхаген се пласира во плејофот од лигата на шампионите
Вардар не издржа во Данска, Копенхаген се пласира во плејофот од лигата на шампионите

Вардар не издржа во Данска, Копенхаген се пласира во плејофот од лигата на шампионите

Вардар за жал не успеа да го зачува водството од првиот натпревар во Скопје (1:0) и вечерва на реваншот во Данска, загубија убедливо со резултат 4:1. На тој начин шампионот на Данска се пласираше во плејофот од лигата на шампионите.

Тренерот Седлоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гачевски, Хамбарџумјан, Новак, Грнчаров, Демири, Спировски, Николов, Барсегјан, Фелипе, Којашевиќ и Балотели.

За наша несреќа екипата на Копенхаген успеа бргу да го отвори резултатот и да поведе со 1:0. Се играше втората минута од мечот, кога од левата страна нафрли Бенгстон. Еден од играчите на домаќинот со глава ја упат топката во нашиот шеснаесетник, која ја изби Новак, топката стигна до Грегуш кој со силен умерен удар го совладува Гачевски за отварање на резултатот. Првиот удар кон голот на Копенхаген го имаше Барсегјан, но без поголема опасност по голот на Јохансон. Црвено-црните сакаа да се надигруваат со противникот и вооопшто не помислија да го бранат својот гол. Следни удари кон еден од двата гола ги имаше токму нашиот шампион, кој се обиде преку Николов и Балотели, но резултатот остана непроменет. Во 16 минута, среќа за Вардар, откако домаќинот ја погоди пречката од голот на Вардар. Се играше 19 минута од мечот, кога Вардар украде една топка на противникот, акција започна Фелипе кој додаде до Хамбарџумјан, а овој ја упати топката во противничкиот шеснаесетник на која наиде Бобан Николов, кој со прецизен удар го погодува голот, за голема радост и израмнување на 1:1. Радоста на Вардар не траеше многу време, кога домаќинот повторно успеаа да оведе. Нафрлена топка од корнер, која ја закачи Барсегјан, која заврши во мрежата на нашиот голман, за предност од 2:1. До крајот на првиот дел, за одбележување се ударите на Вербиќ кој оди над голот на Гачевски, како и на Балотели, само покрај голот на Копенхаген.

Веднаш измена во второто полувреме, на местото на Којашевиќ во игра влезе Брдаровски. Прв директен удар во вториот дел за екипата на Вардар, кога во 47 минута биеше Барсегјан во рацете на добра поставениот чувар на мрежата на противникот. Врати веднаш со шанса, Туту, кој бие само во мрежата надвор од нашиот гол. Во следните десет минути се играше по средината на теренот, без поголеми прилики на двата гола. Во 71 минута втор жолт картон добива Грегуш, поради што мораше да го напушти теренот. Сепак екипата на Копенхаген и со играч помалку успева да постигне гол и да поведе со 3:1. Голем пропуст во нашата одбрана и голманот Гачевски, кои го оставија Сантандер сам од непосредна близина со глава да ја забие топката во нашата мрежа. Седлоски направи втора измена, на местото на Хамбарџумјан во игра влезе Блажевски. Токму тој се обиде во 85 минута, бие од голема далечина, но брани Јохансон. Точка на мечот стави Сотириу со удар од белата точка. Гачевски прави прекршок во својот голмански простор, по што судијата оправдано покажа на белата точка. Копенхаген веќе имаше недостижно водство од 4:1. Ова беше и конечен резултат на крајот.

Вардар продолжува во плејофот од лигата на Европа, каде се надеваме дека ќе ја поминеме последната пречка, за влез во групната фаза од ова натпреварување, што секако ќе биде голем успех за црвено-црните.