Ова многу боли… Нашиот ФК Вардар за жал не успеа да испише историја. За жал нашите играчи денеска самите се победија себеси. Се тргна наопаку уште во втората минута, па потоа следуваше оној катастрофален автогол на Барсегјан. Кога мислевме дека сме при крајот на патот, повторно самите си пресудивме, по две огромни наши грешки домашниот тим дојде и до 4:1.
Европската бајка за Вардар не завршува. Главата горе, сега не очекува ждребот в петок за противникот во плеј-офот во Лигата на Европа. Сега ќе стискаме палци и ќе очекуваше што е можно полесен противник да се падне.
Иако загубите нема да ве оставиме…