Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Леонид Илиевски: Желбата и упорноста се најважни за еден голман да биде успешен
Леонид Илиевски: Желбата и упорноста се најважни за еден голман да биде успешен

Леонид Илиевски: Желбата и упорноста се најважни за еден голман да биде успешен

Леонид Илиевски е голман кој минатите две години бранеше за генерацијата на ФК Вардар, родени “2005„ година. Денес е неговиот роденден, а во следново интервју ве запознаваме со овој млад и надежен чувар на мрежата. Со својата екипа последниве две години го освои второто и третото место, на завршните турнири во детската лига. Минатата сезона бранеше одлично на голот на Вардар и заедно со неговиот соиграч, Василиј Мариновски се едни од најзаслужните за добрите резултати на оваа генерација.

1. Oд каде желбата да бидете голман и дали овој спорт беше вашиот прв избор ?

-Фудбалот е спорт кој највеќе го сакам и поголемиот дел од денот јас го поминувам со топката. Ако не сум на тренинг тогаш сум со другарите на игралиште а уствари така и почнав како играч, но некако повеќе ме влечеше да бидам голман. Неописливо е задоволството и среќата кога ќе одбранам гол или пенал-тоа е тоа што ме прави срекен, задоволен и горд на себе.

2. На колку години започнавте да тренирате и кој беше вашиот прв тренер со кој работевте ?

-Почнав да тренирам на 7 години во Њу Старс.Мојот прв голмански тренер ми беше Дарко Рунтев од кој ги научив основните знаења.

303

3. Како Леонид ја гледа фудбалската игра. Дали сметате дека голманот е еден од најважните играчи во екипата, или тоа е подеднаква одговорност за сите во тимот ?

-Има една шега, односно вистина е: кога ќе прими голманот гол сите гласно викаат уаааа, а кога ке одбрани сите со тивок глас викаат, ќути ја спаси. Фудбалот е тимска игра во која сите ние даваме се од себе храбро и несебично се бориме за успех и победа на нашиот тим. Важен е секој играч голманот само помага со тоа што од негова позиција може повише да ги насочува своите соиграчи.

4. Какви резултати имате постигнато со Вардаровата генерација, родени “2005“ година ?

18699985_1223314044457199_2357462823082717735_n

-Секоја победа на мојата екипа е и моја лична победа , заеднички даваме се од себе. Со тренерот Зоран Петковски на  Караорман Куп 2015, освоивме второ место, Брегалница Куп прво место, завршен турнир на ФФМ второ место.Со тренерот Игор Кралевски завршен турнир на ФФМ, трето место Имаме учествувано и на два турнири во Бугарија.

1115

5. Како изледа и колку трае еден тренинг со тренерот на голмани, Слободан Мутибариќ ?

-Голманските тренинзи се напорни и бараат многу концентрација и максимална посветеност. Еден тренинг трае час и половина и изобилува со координација и техника, а тренерот Слободан Мутибариќ максимално се труди да ни пренесе многу од своето знаење. 

6. Со Вардар (2) освоивте трето место. Како ја виде сезоната која помина и колку недостасуваше да играме меѓусебно финале со братскиот Вардар (1) ?

-Презадоволен сум од изминатава сезона едноставно бевме најдобри, се до самиот крај кога ни се падна да играме со Фер Плеј од Охрид и како што некогаш излегува среќата не ни беше наклонета почнувајќи од самото време што врнеше истураше и на пенали изгубивне со еден гол разлика. На тој начин го освоивме третото место. Ќе беше интересно да играме со братскиот Вардар 1, кој успеа да триумфира во финалето. 

a52-660x330

7. Дали сметате дека имате удел во успехот на оваа генерација и колку сте задоволен од вашиот учинок во изминатата сезона, на голот на оваа генерација ?

-Заслугата за успехот ни е заедничка на целиот мој тим, на чело со тренерот Игор Кралевски. Во изминатава сезона, стварно напорно тренирав, често ми се случуваше да бидам и на два тренинга едно подруго, играв и со двете екипи и се трудев да дадам максимум и лично сум задоволен од постигнатото.

1631

8. Кои работи се најважни за еден голман да биде успешен и дали Леонид има свои идоли ?

-Желбата и упорноста се најважни. Ние имаме четири дена тренинзи и во саботите утакмици , многу пати се случувало да пропуштиме родендени, прослави и др. Но кога тоа што си го избрал, односно исполнува и те прави среќен, се друго е занемарливо. Секако дека имам идоли, еден од нив ми е Мануел Ноер и би сакал еден ден да бидам како него, а исто и нашиот најдобар голман Филип Гачевски.

Звонко Ивановски