Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Солбакен: Имавме поголема ментална сила и не потклекнавме во тешките моменти
Солбакен: Имавме поголема ментална сила и не потклекнавме во тешките моменти

Солбакен: Имавме поголема ментална сила и не потклекнавме во тешките моменти

Вардар не успеа да испише историја и да се пласира во плејофот од лигата на шампионите. Избраниците на Гоце Седлоски беа поразени на реваншот во Данска, против екипата на Копенхаген со резултат 4:1. Иако имавме активен резултат до 75 минута кој не водеше во следната рунда, примивме два погодоци по наши грешк, кои значеа простување од лигата на шампионите. По завршување на мечот, тренерот на противникот, Солбакен истакна дека неговиот тим бил подобар и дека заслужено се пласирале во следната рунда.

-Во првиот дел бевме одлични, тие погодија од единствената шанса која ја имаа. На средината од вториот дел имавме криза, но одигравме подобро откако останавме со играч помалку. Имавме поголема ментална сила, не потклекнавме во тешките моменти. Се обидувавме да постигнеме трет гол и успеавме да го сториме тоа само неколку минути откако останавме со играч помалку. Но тоа не е случајно, тоа го имаме тренирано, како да се однесуваме на теренот кога сме 10 против 11.