Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Леонида Гичевска не може сама, младинската репрезентација стигна до петтиот пораз на ЕП во Словенија
Леонида Гичевска не може сама, младинската репрезентација стигна до петтиот пораз на ЕП во Словенија

Леонида Гичевска не може сама, младинската репрезентација стигна до петтиот пораз на ЕП во Словенија

Младинската женска ракометна репрезентација продолжува со порази на Европското првенство во Словенија. Избраничките на Борче Марковски ги загубија и последните два натпревари, во борбата за разигрување од 9-16 место.

Најпрво избраничките на Борче Марковски беа поразени од селекцијата на Шведска, со резултат 40:15. Уште по првото полувреме, противникот ја најави победата, кога имаше двоцифрено водство од 16:5. Во вториот дел само ја зголемуваше предноста, за на крај да забележи убедлив триумф над нашата селекција. Ракометарката на Вардар СЦЈС, Гичевска на трет натпревар е најефикасна ракометарка на Македонија, а дуелот со Шведска го заврши со 8 постигнати голови, што е нејзин најефикасен меч на ЕП. Од ракометарките на Вардар, во листата на стрелци се запишаа уште Велкова со 2, како и Иванова и Божиноска со по 1 погодок.

На следниот натпревар за противник ја имавме репрезентација на Романија, од која бевме најниско поразени со резултат 29:21. По првиот дел имавме негатива од 10:17. Ова можеби беше најдобриот меч за нашите младинки на ова ЕП. Повторно најдобар стрелец кај Македонија, беше Леонида Гичевска која постигна 6 голови. Неа ја следеше нејзината соиграчка од Вардар СЦЈС, Ива Божиноска која додаде 4 погодоци. Ги следеше Велкова со 3, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Ана Иванова. 

Утре играме против Португалија, а доколку сакаме да го избегнеме последното место, ќе мора да стигнеме до првата победа на ова ЕП.