Прва победа за генерацијата на ФК Вардар родени “2002„ година на турнирот “Скопје куп„. После вчерашниот воведен пораз од екипата на Реал Ниш, утрово помладите пионери на теренот на локомотива во рамките на второто коло ги победија врсниците од Пелистер. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:1.
Тренерот Љупчо Марковски се одлучи за следниве 11-сетмина: Стојковски, Костовски (c), Крстевски, Асани, Фазлиу, Петејчук, Салиу, Гугуљанов, Мирков, Демири, Речица.
По првото полувреме, екипата на Вардар имаше водство од 1:0, а стрелец на погодокот беше Фисник Салиу. Во вториот дел следеше маестрален погодок на капитенот, Далибор Костовски кој со волеј удар ја смести топката под пречката од голот на битолчани. При крајот на натпреварот, Пелистер успеа да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 2:1, што беше и конечен на овој натпревар од второто коло, на меѓународниот турнир “Скопје куп„.
Во рамките на третото последно коло од групната фаза се среќаваме со екипата на Цибалија . Мечот се игра утре наутро со почеток од 08:30 часот на теренот на локомотива.