Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Верувам дека и новите ракометарки брзо ќе се вклопат во нашиот систем
Дибирова: Верувам дека и новите ракометарки брзо ќе се вклопат во нашиот систем

Дибирова: Верувам дека и новите ракометарки брзо ќе се вклопат во нашиот систем

Шампионот на Македонија, тимот на ЖРК Вардар вчера официјално ги започна подготовките за новата сезона. На првата прозивка на Дибирова се појавија и пет нови имиња кои треба да му помогнат на тимот во остварување на целта, освојување на Лигата на шампионите. Тренерот на Вардар, Ирина Дибирова за клубскиот сајт даде оцена за новите ракометарки, говореше за Регионалната лига и слично.

„Најважно е да тренираме добро. Имаме доста време додека почне лигата на шампионите. Ќе се обидеме да најдеме и доволно противници за да ја одржуваме формата. Верувам дека и новите ракометарки брзо ќе се вклопат во нашиот систем. Ако се договори повторно да се игра Регионалната лига ќе биде уште подобро. Сакаме да стигнеме до европскиот трон, но сега сме фокусирани на нашата подготовка. Задоволна сум што сите играчи и летниот период го искористиле за тренирање, па ќе биде полесно за сите, вели Ирина Дибирова, тренерот на Вардар.