Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар казнет со дополнителни 22.000 евра
Вардар казнет со дополнителни 22.000 евра

Вардар казнет со дополнителни 22.000 евра

УЕФА го казни Вардар со уште дополнителни 22.000 евра, oвој пат за натпреварот против Копенхаген. Од официјалната веб-страна на клубот информираат дека Вардар е казнет по следните точки според правилникот на УЕФА:

1. Седење на скали и попречување на движење на публика;

2. Употреба на пиротехнички средства;

3. Вадење на националистички знамиња на јужната трибина во блок број 4 (фронт и неонацистички крст).

Инаку, Вардар претходно доби казна која изнесуваше 55.000 евра. Тоа значи дека вкупната казна на ФК Вардар до сега за европските натпревари изнесува 77.000 евра.