Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дербито ќе биде одиграно ден порано

Дербито ќе биде одиграно ден порано

Фудбалската Федерација на Македонија донесе одлука дербито од првото коло помеѓу големите ривали Шкендија и Вардар да се одигра ден порано, па наместо во недела, овој натпревар ќе биде одигран во сабота со почеток во 17 часот на Градскиот стадион во Тетово.

Поместувањето на натпреварот за еден ден порано е поради настапите на двете екипи во плејофот од Лигата на Европа. И двата претставника во четврток ќе ги одиграа своите први дуели.