Џонатан Балотели повеќе не е член на фудбалскиот клуб Вардар, како што донесува “Македонски спорт“ се е готово. Трансферот е направен, и се чека само официјална промоција. Од нашиот клуб сеуште нема официјална потврда на оваа вест, сепак тоа се очекува наскоро.
Новиот клубот каде ќе игра бразилецот доаѓа од Катар и се вика Ал Гарафа. Според информациите, Вардар добро ќе заработи од трансферот на својот напаѓач во оваа арапска земја. Сето воа односно заминувањето на Балотели ќе значи дека Вардар ќе мора да бара напаѓач за престојните предизвици во фудбалска Европа и борбата на домашниот фронт каде во игра се три титули, односно првенството, Купот и Суперкупот (најавен е дека ќе се одигра сепак треба да се земе со резерва по ланската ситуација).