Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци полека финишираат со подготовките во Крањска Гора
Вардарци полека финишираат со подготовките во Крањска Гора

Вардарци полека финишираат со подготовките во Крањска Гора

Екипата на РК Вардар полека финишира со подготовките во Крањска Гора. Европскиот шампион веќе седум дена се наоѓа во Словенија, каде го одработува главниот дел од подготовките за новата сезона. Покрај физичката подготовка се работи паралелно и во сала, каде се воигрува екипата и се тренираат нови акции, како во нападот така и во одбраната.

vardarfans-2 vardarfans-1

Да потсетиме дека во периодот од 11-13-ти август, екипата ќе одигра три контролни натпревари, со екипи од Германија.