УЕФА ги потврди саатниците и термините на одигрување натпревари, во плејофот од лигата на Европа. Како што знаеме, Вардар за противник ја доби екипата на Фенербахче, која ќе биде последната пречка за постигнување историски успех и пласман во групанта фаза од едно европско натпреварување. Првиот дуел на овие две екипи ќе се одигра на 17-ти август на арената “Филип Втори„ , со почеток од 20 часот, додека реваншот на “Шукру Сараџоглу„ е закажан за една недела подоцна (24-ти), со почеток од 19:30 часот.
Се надеваме на поволен резултат и триумф на првиот меч, како би со предност би отпатувале на реваншот во Турција и на тој начин би ги зголемиле шансите за елиминација на турскиот гигант.