Поранешен играч на Реал Мадрид, може да биде ново засилување за екипата на Фенербахче. Се работи за Роберто Солдадо кој едно време го носеше кралскиот дрес, а исто така е и поранешен репрезентативец на Шпанија. Минатата сезона ја помина во екипата на Виљареал, каде не се изнаигра многу, а има настапувано и за тимот на Валенсија и уште некоку други екипи од Ла Лига. Според последните информации, Солдадо би можел да биде замена за Робин Ван Перси, кој би можел да направи трансфер во екипата на Фејнорд и да се врати во својата земја.
И да се случи треансфер на Солдадо во Фенербахче, тој ќе нема право на настап во дуелите со Вардар, бидејќи веќе е испратен списокот на играчи за оваа рунда од плејофот на лига Европа.