Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар СЦЈС со доста изменет и подмладен состав од утре стартува со подготовки за новата сезона
ЖРК Вардар СЦЈС со доста изменет и подмладен состав од утре стартува со подготовки за новата сезона

ЖРК Вардар СЦЈС со доста изменет и подмладен состав од утре стартува со подготовки за новата сезона

Слично на машкиот, така и женскиот втор тим на РК Вардар кој се натпреварува во супер лигата, во новата сезона ќе биде доста подмладен. Составот кој повторно од клупата ќе го предводи тренерскиот тандем, Симе Симовски и Александар Царчев ќе го сочинуваат ракометарки кои минатата сезона беа дел од младинските екипи на клубот. Екипата ќе биде многу поразлична од претходниве две сезони, голем дел од ракометарките кои си заминаа ќе бидат замените со младински играчи.

Дел од Вардар СЦЈС веќе не се Љупка Белмезова(Панорама-Солун), Наташа Нолевска (Виборг), Симона Стојановска ( Погон Балтика), Сара Митова (Сондерјиске), Маја Трпковска ( Ардесен), како и Драгана Петковска, Марија Прленда, Клаудија Ѓоергиевска, Ангела Тодоровска, Сара Николовска, Николина Бојаџиска и Стефанија Мишевска, кои сеуште немаат пронајдено клуб за настап во новата сезона. Познато е дека Теодора Керамитчиева се приклучи на првиот тим на Вардар, со кој моментално е на подготовки во Златибор. Единствено во екипата, кои беа дел од минатата сезона ќе останат, младите Ива Божиноска, Ана Станиќевска, Анастасија Николовска, Моника Георгиевска, како и голманката Јована Мицевска, која често добиваше шанса да застане на голот на оваа екипа. Тука е и пикерот, Ања Велкова која беше дел од младинската репрезентација, на претстојното ЕП во Словенија. Две нови ракометарки го засилија тимот, а тоа се кадетските репрезентативки, Мартина Стефановска која дојде од екипата на Велкова, како и Арлинда Динарица, која пристигна од тимот на Кастриоти од Косово.

Ова се сите ракометарки кои во новата сезона ќе го носат дресот на Вардар СЦЈС во најсилната супер лига: Александра Вељаноска, Ана Иванова, Ања Велкова, Арлинда Динарица, Бојана Диневска, Слободанка Кицевска, Ива Божиноска, Јована Мицевска, Леонида Гичевска, Мартина Стефановска, Моника Георгиевска, Анастасија Николовска, Ружица Атанасова, Шадие Реџеп, Сашка Филипоска, Ивона Трпевска, Ана Станиќевска и Ангела Карчева.

Клубот преговара со уште три ракометарки, кои дополнително ќе ги објавиме, доколку се потпише со сите, или со некоја од нив. Првиот собир на екипата за новата сезона ќе биде во текот на утрешниот ден, додека од 18-ти август ќе се замине на подготовки во Маврово.