Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гумерсбах го плати “цехот„ за двата порази, Вардар во вистинско лице покажа зошто е Европски шампион
Гумерсбах го плати “цехот„ за двата порази, Вардар во вистинско лице покажа зошто е Европски шампион

Гумерсбах го плати “цехот„ за двата порази, Вардар во вистинско лице покажа зошто е Европски шампион

Вардар ја забележа првата победа на турнејата во Германија и го освои третото место на турнирот во организација на Гумерсбах, токму со триумфот над оваа екипа, со резултат од 26:37

Натпреварот со гол го отвори домашната екипа, за почетно водство, а интересно првите три гола на дуелот за Вардар ги постигна Вуко Борозан. Гумерсбах имаше во два наврати предност од 3:1 и 4:2, но црвено-црните во 9 минута, со прекрасната цепелин акција, во улога на Карачиќ како асистент и Дибиров како реализатор стигнуваат до израмнување на 4:4. Од тие моменти, Европскиот шампион ја имаше контролата на резултатот и постојана предност. Прво водство за нас носи, Марсениќ во 10 минута од натпреварот, кога Вардар поведе со 4:5. Дури пет од седум гола на Вардар, постигнати до 14 минута беа дело на Вуко Борозан кој беше нерешлива енигма за противничката одбрана и голманот на Гумерсбах. Во одбраната започнавме да играме се поцврсто и тешко се пробиваше високиот бедем, пред голот на Штербик, кој го сочинуваше, Кристопанс, Марсениќ и Борозан. Започнавме да реализираме и преку контра-напади, а такви беа двата гола во серија на крилото, Тимур Дибиров, кој во 16 минута носи водство на својот тим од 6:9. Продолжи нашата серија, благодарение на добрата одбрана и се подобро организираната игра во нападот. Следуваа нови погодоци на Чупиќ и Дибиров, а домашната екипа цели осум минути не можеше да го пронајде патот до мрежата на Штербик. Конечно во 21 минута успеваат да постигнат гол и да намалат на 7:11. Борозан продолжи да го “решета“ голманот на противникот, Карстен Лихтлејн кој немаше ниту еден одбранет удар на Борозан, кој во 24 минута имаше 7/7 реализација, или половина од погодоците кои ги постигна Вардар. Штербик успеа да фати удар од седум метри и уште еден зицер удар на бундеслигашот, а Марсениќ носи највисоко водство на Вардарци од 8:15 во 27 минута. До крајот на првиот дел за одбележување е уште еден гол на Борозан, за 8 погодоци од исто толку упатени удари и во последната секунда првиот гол на Кристопанс, за заокружување на првото полувреме со предност на Вардар од 11.18.

По првите пет минути од второто полувреме се играше гол за гол, а во игра во второто поувреме во составот на Вардар беше Јана Војводиќ, кој го замени Карачиќ во организација на играта. Токму со неговите два гола во серија, Вардар во 37 минута имаше највисоко водство од 14:22. Вардар продолжи со добрата игра и во овој дел од натпреварот, а нововлезениот играч во вториот дел, Данил Шишкарев погодува два пати и носи високи 16:25, за Јана Војводиќ со неговиот трет гол да донесе за прв пат двоцифрено водство од 16:26 во 44 минута. На голот застана и Даниел Ѓорѓески кој ја бележи својата прва успешна интервенција. Во листата на стрелци се запишува и Мартин Поповски, кој ја одржува двоцифрената предност на Вардар. Тотално дефокусирани изгледаа играчите на Гумерсбах, кои правеа чести грешки во нападот, додека црвено-црните речиси и да играа со половина сили. Поповски ги искористува своите минути на теренот и стигна до својот трет гол, од исто толку обиди кон голот на противникот. На теренот беше и младиот Тоше Ончев. Последните минути беа само рутина за нашиот состав, кој слави триумф со резултат од 26:37. Најефикасен беше Вуко Борозан со 8 голови и тоа само за едно полувреме поминато на теренот.  Дибиров беше втор стрелец со 7 голови, додека Војводиќ имаше 5 голови. Новото засилување, Кристопанс беше стрелец на 3 гола.

Одлична игра за нашиот состав на овој натпревар. Повторно настапивме без Милиќ, Циндриќ и Недановски. Вардар сега се враќа во Скопје, каде ќе продолжи со подготовките за претстојниот “Супер Глоуб куп, или неофицијалното светско клупско првенство.