Шампионот на Македонија ја пронајде замената за Балотели. Станува збор за нов играч од Бразил, неговото целосно име е Хозе Оливеира дос Сантос – Итало.
Новиот шпиц играч на Вардар, според Германскиот портал „Трансфермаркт“, во овој момент вреди точно еден милион евра. Никој друг играч во моментов според „Трансфермаркт“ не вреди колку Итало во Вардар.