Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Кочаман: Примарна цел и на Фенербахче и Вардар е да се мине плејофот и да се стигне до групната фаза од ЛЕ
Кочаман: Примарна цел и на Фенербахче и Вардар е да се мине плејофот и да се стигне до групната фаза од ЛЕ

Кочаман: Примарна цел и на Фенербахче и Вардар е да се мине плејофот и да се стигне до групната фаза од ЛЕ

Утрешниот противник на ФК Вардар, во плејофот од лигата на Европа, екипата на Фенербахче веќе се наоѓа во Скопје, каде полека се подготвува за утрешниот меч со црвено-црните. Тие веќе одржаа прес-конференција, на која тренерот на турскиот гигант, Ајкут Кочаман ги сподели своите очекувања од овој двомеч против шампионот на Македонија.

-Морам да кажам дека главна и примарна цел е да се мине плеј-офот и да стигнеме до групите, а истото веројатно важи и за Вардар. Факт е дека двата клуба го сакаат истото, се надеваме дека ќе ја искористиме нашата моќ, изгледаме помоќни барем на хартија во однос на нашиот противник.

Стратегот на противникот ги анализирал натпреварите на Вардар против Малме и Копенхаген, на кои нашиот состав беше предводен од Гоце Седлоски. Сега клубот има нов тренер во името на Чеде Јаневски, но Кочаман е убеден дека ништо драстично неможе да се смени во играта на Вардар од претходните дуели.

-Не знам кој ќе го води утрешниот меч и дали ќе има ново име. Многу јасно видовме дека Вардар е тим кој се обидува особено преку дриблинзи и празни простори кои ги наоѓа во текот на натпреварот да ја префрли играта во третиот дел од тимот и да шутира. Доколку постои веројатност нов тренер да биде на чело на Вардар, навиките во фудбалот тешко се менуваат за еден ден. Нашите очекувања е играта на Вардар да се одвива како на претходните натпревари.

Фенербахче ремизираше на стартот од сезоната во домашното првенство, а голманот Волкан Демирел имаше грешка на тој натпревар, која го чинеше погодок во нивната мрежа. Тука е и новото засилување на тимот, Роберто Солдадо, кој треба утре да деибитира токму против Вардар.

Јас не можам само од еден натпевар еден играч да го седнам на клупа или да го ставам во првите 11. Како што кажав претходно кога ги правам составите ги гледам сите натпревари кои минале и кои ни следуваат. Ги гледам сите работи кои играчи можат да придонесат во текот на целата сезона. Затоа не би сакал за еден кикс да изгубам еден играч. Фактот што Ван Перси е повреден ќе биди причина да му дадам поголема минутажа на Солдадо, кој се уште не е адаптиран на новите соиграчи.