Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Верувам дека Вардар може да обезбеди пласман во европските натпреварувања
Јаневски: Верувам дека Вардар може да обезбеди пласман во европските натпреварувања

Јаневски: Верувам дека Вардар може да обезбеди пласман во европските натпреварувања

Пред утрешниот дуел тимот на ФК Вардар ја одржа вообичаената прес-конференција. На пресот на Вардар присуствуваа новиот тренер, Чедомир Јаневски и капитенот на тимот Бобан Грнчаров. Освен нив, присуствуваа и од управата на Вардар, директорите Симев и Спасевски, кои му посакаа добредојде во Вардар на новиот тренер Јаневски.

Јаневски и се заблагодари на Управата на Вардар и потенцираше дека верува дека Вардар може да се избори за пласман во европските натпреварувања.

Многу ми е мило и ми претставува чест што сум тука. Сакам да се заблагодарам на управата на Вардар, што ми овозможи да го водам клубот за кој играв во мојата фудбалска кариера, од тука ја изградив кариерата во странство. Се надевам на успешна работа, како со управата така и со играчите. Тука сум да го одржам Вардар како шампион, и да помогнам во неговиот развој, како на домашна така и на меѓународна сцена. Вардар е голем бренд во Македонија и на Балканот, сите сакаме да градиме нови успеси со овој тим. Верувам дека Вардар може да обезбеди пласман во европските натпреварувања, секоја година се многу блиску до тоа. Ќе работиме напорно да ги оствариме целите, а тоа е да освојуваме трофеи, бидејќи за Вардар се друго е неуспех“ , – истакна новиот тренер на Вардар.