Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Грнчаров: Ние сме подготвени за предизвикот, очекувам и максимална поддршка од навивачите

Грнчаров: Ние сме подготвени за предизвикот, очекувам и максимална поддршка од навивачите

Капитенот на Вардар пак, истакна дека Вардар мора да ја искористи оваа историска шанса. Грнчаров е свесен за силата на тимот на Фенербахче, но смета дека Вардар има свои шанси на овој двомеч и истите мора да ги искористи.

“Пред нас е голем противник. Јасно е дека Фенербахче во својот тим има играчи кои со еден потег можат да го решат натпреварот, направивме анализа на се што сметаме дека е опасно за нас. Ние сме подготвени за предизвикот, очекувам и максимална поддршка од навивачите. За нас не е важно дали ќе игра Ван Перси или Солдадо. Oва е историска шанса за Вардар, мора да ја искористиме. Сакам да му посакам исто така и среќа на нашиот нов тренер, добро го познавам неговиот начин на работа, сметам дека ќе успее во работата”, истакна капитенот на Вардар.