Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ВАРДАР ГО “ИСЧЕТКА” ФЕНЕР!
ВАРДАР ГО “ИСЧЕТКА” ФЕНЕР!

ВАРДАР ГО “ИСЧЕТКА” ФЕНЕР!

Вардар не признава sвезди и фаворизирани тимови. Вечерва нашиот тим уште еднаш покажа дека пред својата публика е несовладлив. Вечерва нашиот тим славеше голема победа над Фенербахче со резултат 2:0 (1:0). Ова беше деби на клупата на Вардар за Јаневски и прва победа.

По првото полувреме нашиот Вардар водеше со 1:0 против фаворизираниот тим на Фенербахче. Натпреварот започна со блага иницијатива на гостите од Турција, првата закана кон двата гола дојде во 16 минута, гостите преку Потук се обидоа,но топката отиде над голот на Гачевски. Потоа во 18 минута и Валбуена се обиде со удар од 20-сетина метри, но право во рацете на нашиот голман. Во 19 минута Вардар преку Николов ја имаше првата закана гон голот на гостите, ударот на нашиот играч заврши високо над голот на Камени. Во 20 минута следуваше ерупција на Градски. Барсегјан доби една одлилна топка во празно, прекрасно го измами Шкртел и стрелаше за 1:0 и голема радост на Вардар. До крајот на првиот дел гостите се обидуваа да изедначат но Гачевски беше на висина на задачата. Во 34 минута еден играч на Фенер упати сериозен удар кон нашиот гол, ноГачевски и овој пат беше внимател и одби во корнер. Со резултат 1:0 заврши првиот дел.

На почетокот на вториот дел во Вардар влезе Брдаровски на местото на Демири. Првата шанса во вториот дел ја имаше Вардар, Барсегјан упати еден удар но само високо над голот на Камени. Во почетните 15 минути од вториот дел Вардар беше подобар на теренот од гостите. Во 64 минута во игра во екипата на Фенер влезе Солдадо на местото на Косе. Во 67 минута во Вардар пак, беше направена и втората замена, во игра влезе Џигаури на местото на Којашевиќ кој одигра добар натпревар вечерва. Во следните десет минути Вардар се повлече додека пак тимот на Фенер силно напаѓаше но без посериозни закани кон голот на Гачевски. До 75 минута Вардар беше безбеден. Во 76 минута Валбуена се обиде од слободен удар, но неговиот шут заврши само над голот на нашиот голман. Во 77 минута конечно и Фелипе се закани со удар од 20-сетина метри но само крај голот на Камени. Во 77 минута Хамбарџумјан пропушти голема прилика за гол, одлично добри топка од 7-8 метри биеше волеј но само високо над голот на Камени. Штета пропадна оваа голема шанса за Вардар. Фенер во 81 минута имаше голема шанса да дојде до 1:1, но за наша среќа не ја искористи. Во 85 минута во Вардар влезе и Глигоров на местото на Блажевски. Гооол, во 90 минута Вардар дојде до 2:0 со автогол на играчите на Фенер. Каков земјотрес на Градски! Крај, Вардар победи со 2:0!

ЧЕСТИТКИ ДО ЦЕЛИОТ ТИМ И СТРУЧЕН ШТАБ!!