Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Сакам да им честитам на играчите кои играа со срце, како и на навивачите кои направија одлична атмосфера
Јаневски: Сакам да им честитам на играчите кои играа со срце, како и на навивачите кои направија одлична атмосфера

Јаневски: Сакам да им честитам на играчите кои играа со срце, како и на навивачите кои направија одлична атмосфера

Вардар успеа да направи голем исчекор кон пласман во групната фаза од лигата на Европа, откако вечерва на арената “Филип Втори„ ја победија екипата на Фенербахче, со резултат од 2:0. Црвено-црните славеа со головите на Барсегјан и авто голот на Топал, во последната минута од судиското продолжение, откако имаа недоразбирање со голманот, Камени. Нашиот шампион одигра машки во текот на целиот натпревар и ниту во еден момент не потклекна пред противникот. Вардар никогаш не бил поблиску до пласман во групната фаза од некое од Европските натпреварување. Успешно деби имаше и новиот тренер на Вардарци, Чеде Јаневски кој направи максимум од екипата, со оглед дека имаше само два дена да ги запознае играчите. Тој на прес-конференцијата после завршување на натпреварот им честиташе на своите играчи, со напомена дека мора да се елиминираат грешките од овој прв натпревар одирган во Скопје.

-Имаме добар резултат на овој прв меч во Скопје, сепак  игравме против поискусен тим од нас. Игравме повеќе дефанзивно во првото полувреме и мислам дека треба да ги поправиме грешките пред реваншот во Турција. Сакам да им честитам на играчите кои играа со срце, како и на навивачите кои направија одлична атмосфера. Морам да признаам, головите беа постигнати среќно, со оглед на тоа дека беа на грешки на противникот. Сепак оваа победа е од големо значење, бидејќи ни носи позитивна атмосфера. Не смееме да се опуштаме и да мислиме дека сѐ е готово по овој меч, тоа би било голема заблуда. Ќе биде тешко во Истанбул, не смее да мислиме дека сме веќе во ЛЕ. Оставаме сѐ зад нас, се фокусираме на реваншот во Турциј.

Голем хендикеп за Вардар ќе биде неиграњето на капитенот Грнчаров на реваншот во Турција. Столбот во нашата одбрани доби црвен картон, откако му беа доделени два жолти картони.

-Сигурно дека неговото искуство ќе ни недостасува. Не само што е капитен, тој е и лидер на терен и во соблекувалната. Како што кажав, по натпреварот со Победа ќе донесеме одлука. Ги познавам добро играчите, имаме две алтернативи, тука се Велковски, кој се враќа од повреда како и Муслиу. Неговото отсуство ќе биде големо, но мора да донесеме одлука, рече Јаневски на прес-конференција после завршување на натпреварот.