Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нови договири за Стоилов, Брумен ,Тоскиќ и капитенот Лазаров!

Нови договири за Стоилов, Брумен ,Тоскиќ и капитенот Лазаров!

Раководството на РК Вардар во сериозна офанзива за создавање на силен тим за следната сезона . Повторно нови договори со четири стандарни првотимци . Подпис на нови договори ставиа Столе, Тоскиќ , Брумен и Филип Лазаров.

Стоилов доби најдолго продолжување на својот договор од три години , нашата икона и понатака ќе биде со црвено-црните фанови во новите успеси на светиот клуб. И вториот пикер Тоскиќ доби нов договор во должина од една година и со подпишувањето утрово на Марсениќ се комплетиравме целосно на позицијата пикер за идната сезона. Капитенот Лазаров доби исто така едногодишно продолжување на верноста со Вардар. Четврти кој доби нов двогодишен договор е Брумен со ова столбовите на тимот остануваат за следната сезона во редовите на црвено-црните.

По повод ова пријатна вест за клубскиот сајт своја изјава даде и директорот на клубот Г-н Давор Стојановски кој вели :

  • На стабилноста на еден клуб се влијае и со задржување на костурот на тимот, на играчите кои и досега успешно настапувале, и со дополнување на дефицитарните места. Среќни сме што можеме да го потврдиме останувањето на овие четири ракометари во Вардар, со надеж дека таа соработка ќе биде уште подолга.