Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > КУГЛАЊЕ! Интервју со Дарко Димитровски подпретседател,основач и играч на Вардар: Нашата прва сезона во МКЛ е максимално успешна и историска!
КУГЛАЊЕ! Интервју со Дарко Димитровски подпретседател,основач и играч на Вардар: Нашата прва сезона  во МКЛ е максимално успешна и историска!

КУГЛАЊЕ! Интервју со Дарко Димитровски подпретседател,основач и играч на Вардар: Нашата прва сезона во МКЛ е максимално успешна и историска!

По успешната сезона на кугларскиот клуб Вардар во која црвено-црните во својата прва сезона во Македонската кугларска лига (МКЛ) остварија историски успех го освоја првиот трофеј шампион во куп и беа вице-шампиони во првенството ви го го преставуваме  во интервју еден од “главните виновници“  за овој успех основачот,  подпреседател и играчот Дарко Димитровски. За напомена со одличните резултати на домашна сцена и високиот пласман на Вардар момците обезбедија “виза“за европските кугларски натпреварувања каде ќе бидат преставници на нашата земја .Дарко со нашата црвена-црна јавност ќе сподели дел од својта кариера, очекување за развивање на клубот .

1.Од кога датира љубовта кон куглањето г-н Димитровски ?

  • Не се ни сеќавам кога ја стркалав првата кугла…премногу сум бил мал. Значи речиси цел живот другарувам со куглата, љубов пренесена од татко ми, сестран спортист. Кариерата ја почнав во матичниот клуб Макпетрол кој го водеше татко ми , член беше и брат ми, и така се започна…

2. Кои се претходни ваши настапи во Македонското  куглање и за кои екипи настапувавте , кои ви се  позначајни резултати ?

  • Имам настапувано во речиси сите позначајни клубови во државава. Откако заминав од Макпетрол, кариерата ја продолжив во Работнички кој стана исклучителен млад и квалитетен клуб под водство на татко ми Драги Димитровски. Таму се задржав две години по што следуваше повик од шампионскиот тим на тогашен Вардар , понуда која не се одбиваше. Таа далечна сезона 2000/2001 првпат го подигнав шампионскиот пехар во мојата кариера. За жал, се што е убаво кратко трае, па веке наредната година Вардар згасна, а јас мојата кариера ја продолжив во екупата на Тутунски Комбинат каде поминав една година во преубава атмосфера. Потоа следуваше трансфер во ГТЦ, па во Окта….за потоа да почнат 8 последователни шампионски години во мојот матичен клуб Макпетрол, од 2006 до 2014 година. Патем вреди да се споменат моите настапи за јуниорска и сениорска репрезентација на повеќе светски кугларски настани. Како и бронзениот медал во НБЦ европскиот куп во дресот на Макпетрол, највредното мое одличје. Денес сум член на Вардар и тоа е најгордиот кугларски момент во мојот живот.

3. Го вративте светото име Вардар помеѓу кугларската елита во нашата земја која беше причината , мотивот за ова ?

  • Причината поради која го основавме Вардар е едноставна- тоа е заситеноста од веќе предвидливи првенства , монотонијата која го зафати македонското куглање во која однапред се знаеше кој ќе биде шампион. Откако заврши љубовта меѓу мене и брат ми Димитар од една страна, и Макпетрол од друга страна, не гледавме предизвик во трансфер во некој од другите клубови, но тој предизвик го најдовме во креирање сопствен клуб кој ќе пркоси на шампионскиот тим на Макпетрол. 27 април 2014 се случи основањето на КК Вардар 2014 заедно со моите колеги и соиграчи Коста Ристевски и Дарко Димовски, како и тренерот Драги Димитровски. Од тогаш започна нашата убава црвено-црна приказна.
    ОСНОВАЧИТЕ НА  КУГЛРАСКИ КЛУБ ВАРДАР !!!

    ОСНОВАЧИТЕ НА КУГЛАРСКИОТ КЛУБ – ВАРДАР !!!

4. Какви се односите помеѓу членовите како ги селектиравте , има интересни семејни и пријателски врски во нашиот Вардар , што би ни кажале за ова ?

  • Сите моментални членови се бирани многу внимателно. Тоа се луѓе на кои ќе сметаме долги години, луѓе кои освен играчки квалитет, поседуваат и исклучителни човечки квалитети, луѓе со кои сме долгодишни познаници, пријатели, соиграчи. Токму затоа хемијата во клубот е на 100%. Токму затоа атмосферата во клубот е фанстастична, дишеме ко еден, сите го делиме истиот ентузијазам и желба. Едногодишното функционирање изгледа како да е многугодишно. Застапени се и фамилијарните врски….тренерот и основач Драги Димитровски е татко на претседателот и основач Димитар Димитровски и потпретседателот и основач Дарко Димитровски .

5. Како сте задоволни од овогодинешната сезоната која веќе е зад нас и успехот кој го постигнавте во неа ?

  • Првата сезона на Вардар во МКЛ е максимално успешна и историска. Но тоа нас не не изненади, ние потајно на тоа и се надевавме. Иако сезоната не ја почнавме на начин како што планиравме, ја завршивме на начин како што посакувавме- со освоени два пехари, едниот вицешампионски од лигата, другиот шампионски од купот на Македонија…ќе беше премногу веднаш двата шампионски пехари да ги освоиме во една сезона, вака да оставиме некоја цел и за наредната.

6. Купот е прв пехар за Вардар што значи за вас тоа прво освоено признание ?

  • Освоениот Куп на Макпедонија е само круна на добрата сезона. И да не го освоевме, сезоната ќе ја оценевме како успешна. На тој натпревар влеговме растеретени, но и максимално мотивирани, верувавме во нашиот квалитет и нашата моментална форма. Знаевме дека можеме да го поразиме фаворитот Макпетрол како и останатите клубови учесници, и токму тоа и се оствари. Заслуживме, судејќи по сите наши прикажани игри и рекорди поставени во вториот дел од сезоната.

7. За крај бидете љубезни соопштете ни ги вашите планови за иднината на овој црвено- црн кугларски колектив , што да очекуваме ?

  • За следната сезона , целта на Вардар е сосема јасна после освоените одличја оваа сезона – а тоа е шампионската титула. Првенствено, ќе се стремиме овој клуб да остане во формата која сега ја има, да остане атмосферата и амбицијата на највисоко ниво, а резултатите и успесите верувам ќе дојдат сами по себе. Секако, амбициите се силни и на меѓународен план каде не очекува дебитантско огнено крштевање во европските купови , место каде ќе ги одмериме силите со силните европски екипи. Секако, нема да одиме со бело знаме, куглата е тркалезна и веруваме во одлични успеси и резултати.

Михајло Тушевски