Помладите пионери и пионерите викендов ги одиграа одложените првенствени кола со екипата на Ренова. Двата наши тима играа на гостински терен во Тетови и забележаа убедливи победи.
Помладите пионери продолжуваат со одличните игри на домашната сцена. Со убедливи 2:5 ја совладаа екипата на Ренова и си ги зголемија шансите за освојување на титулата. Најдобриот стрелец на оваа генерација Марко Ѓоргиевски постигна дури четири гола, додека еден беше дело на Кренарт Дардиша.
Видео од головите можете да погледнете ТУКА
Конечно триумф и за пионерите на овој натпревар. Избраниците на Ане Андоновски сосема заслужено ја декласираа екипата на Ренова со високи 1:4. Победата беше најавена уште по првиот дел кога беше 0:2. Капитенот Дејан Маркоски стрелаше три пати, еднаш во листата на стрелци се запиша и Христијан Гавровски.
Видеото од головите можете да ги погледнете ТУКА