Денеска и официјално екипата на Жрк Вардар е прогласена за нов-стар Шампион на Македонија во првенството. Ова е трета последователна титула за девојките во националната лига. Во еден меч кој повеќе личеше на ревијален и пред се пријателски, првиот тим на Вардар беше поуспешен од втората екипа предводена од Симе Симовски. Резултат кој немаше никакво значење за исходот на табелата. Вториот тим пружи достоен отпор речиси до крајот на првото полувреме, кога избраничките на Кастратовиќ направија серија од 4:0, за на полувреме да заминат со предност од 14:9.
Во вториот дел, квалитетот дојде во израз кај поискусните ракометарки, кои како течеше мечот се повеќе го зголемуваа водството во своја корист. На крајот сосема заслужена и висока победа, конечниот резултат гласеше 34:18. Во победничката екипа Лазовиќ постигна 7 голови. Се истакнаа уште и Дембеле со 6 и Кликовац со 5 погодоци. Во поразената екипа најефикасна беше Керамитчиева со 7 голови.
Дефинитивно на крајов од сезоната си заминуваат Николиќ, Фернандез, како и помошникот Урош Брегар. Исто така и кондициониот тренер Ненад Њаради не е повеќе дел од овој клуб.
Вардар: Петковска, Лејно, Гакидова, Митова 3, Николиќ 2, Лазовиќ 7, Дембеле 6, Сокач, Алтхаус 2, Кликовац 5, Пенезиќ 1, Черноиваненко 4, Ихнева 2, Хмирова, Грбиќ 2.
ЖРК Вардар: Белмезова, Ладева, Младеновска, Прленда 3, Петревска, Трпковска 1, Николовска 1, Бојаџиска 3, Тодоровска 2, Нолевска, Трајчевска, Џини, Керамичиева 7, Трајковска, Гичевска 1.
Фото:ЖркВардар мк.