Одложен е стартот на новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Викендов требаше да се одигра првото коло, но истото е одложено за наредната недела. Вака одлучија од фудбалската федерација на Македонија, откако неколку екипи од регионите го откажале настапот и учеството за оваа сезона, а првично пријавиле дека ќе се натпреваруваат. Останува во наредниве денови да се средат работите и од наредниот викенд да стартува новата сезона.
Противник на пионерските екипи кадетите и младинците ќе биде екипата на Ренова, додека помладите генерации родени “2003“ и “2004“ година во првото коло ќе одиграат мечеви со академијата на ФФМ. Оваа сезона ќе гледаме поинаков систем на натпреварување каде ќе се играат три круга по 9 натпревари.