Тренерот на Фенербахче, Ајкут Кочаман даде една поприлично оптимистична изјава, дали причината е неговата сигурност и оптимизмот кој владее кај него или пак се обидува да го дигне моралот останува да видиме. Голема опасност за него е утрешниот меч по кој може да ја напушти клупата поради неуспех. Тој вели:
-Ние многу добро знаеме дека во Скопје загубивме само поради нашите грешки и во нападот и во одбраната. Во нападот бевме навистина неконцентрирани и промашувавме, а во одбраната да не зборувам – катастрофа. Но, научивме од грешките… И верувам дека сега тоа нема да се повтори пред нашите навивачи. Ако ги намали тие наши индивидуални грешки, и во нападот и во одбраната, тогаш сигурен сум дека на Вардар може да му дадеме голови колку што сакаме, и да стигнеме до зацртаната цел.