Европскиот ракометен првак Вардар отпатува за Доха, Катар каде од 25 до 28 август ќе настапува на Супер Глоуб неофицијалното светско првенство во машка ракометна конкуренција. Момците имаат прилика да го освојат и петтиот трофеј годинава, ние бевме најдобри во СЕХА Газпром лига, во домашниот Куп, Лигата на шампионите и првенството на Македонија. За Катар единствено не отпатуваа Тоше Ончев, Мартин Поповски и Владо Недановски кои во Скопје ќе работат индивидуално.