Момците на Чеде Јаневски денеска точно на пладне, стигнаа во Истанбул-Турција и се сместија во хотелот во кој што ќе престојуваат следните два дена. Тие во турскиот мега-полис утре ќе го имаат мечот на историјата кога за првпат во 70 години постоење ќе може да обезбедиме место во групна фаза.
Вечерва во 18:30 часот по македонско време ќе се одржи прес-конференција на која ќе присуствуваат шефот на стручниот штаб Чедомир Јаневски и еден фудбалер, а во 19-00 часот официјалниот тренинг на стадионот „Шукру Сарачоглу“. Одлични 2-0 момците однесоа од Скопје шансата е голема, но и предивикот е тежок се надеваме на успех.