Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Грнчаров: Верувам дека кој и да игра ќе го даде максимумот, ќе игра со срце за добар резултат на утрешниот реванш
Грнчаров: Верувам дека кој и да игра ќе го даде максимумот, ќе игра со срце за добар резултат на утрешниот реванш

Грнчаров: Верувам дека кој и да игра ќе го даде максимумот, ќе игра со срце за добар резултат на утрешниот реванш

Тоj е прав капитен! Иако Бобан Грнчаров нема право за настап на утрешниот дуел, сепак, тој замина со своите колеги во Турција. Како што вели самиот капитен, стои и верува целосно во играчите. Целиот разговор на капитенот за клубскиот сајт:

  „Навистина ми е многу жал што нема да можам да настапам утре на вториот натпревар со Фенербахче, но тука сум во Истанбул со играчите да им дадам поддршка на овој натпревар. Верувам дека кој и да игра ќе го даде максимумот, ќе игра со срце за добар резултат на утрешниот реванш. Играме против одличен тим кој што игра добро пред своја публика, но ние имаме резултат од 2:0 од првиот натпревар и се надевам дека ќе успееме да постигнеме гол и со тоа да си ја олесниме задачата. Стојам целосно зад играчите, и се надевам дека сето тоа ќе биде еден дополнителен мотив за поволен исход од утрешниот натпревар кој ќе го донесе тој долго посакуван чекор кон групите во едно натпреварување во Европа“, изјави Грнчаров.