Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Младинските екипи на РК Вардар заминаа на турнир во Белград

(ФОТО) Младинските екипи на РК Вардар заминаа на турнир во Белград

vardarfans-pioneri

Денес двете пионерски и една машка кадетска екипа на ракометниот клуб Вардар, замина за Србија каде од утре до недела ќе учествуваат на силен меѓународен турнир во Белград.

Пионерите кои и во новата сезона се предводени од Андријана Будимир во текот на утрешниот ден ќе одиграат два натпревари. Најпрво со почеток од 14:30 часот играме против тимот на Павлеки од Хрватска, за од 17 часот силите да ги одмериме со Партизан од Србија.

Пионерките исто така остануваат со тренерскиот тандем, Ристова и Пецевска и во новата натпреварувачка сезона. Оваа генерација минатата сезона успеа да стане шампион на Македонија во пионерската лига. Во текот на утрешниот ден тие ќе одиграат еден натпревар и тоа оној против Срем, со почеток од 15:10 часот.

Кадетите со тренерскиот двоец, Чивлачки-Грчевски исто така ќе бидат дел од овој турнир, натпреварувајќи се во генерација “2000“. Нивниот прв натпревар на програмата е во четврток, против тимот на Сингелиќ од Србија, кој започнува од 17 часот.