Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки со победа го отворија турнирот „Вардар 2017“
Вардарки со победа го отворија турнирот „Вардар 2017“

Вардарки со победа го отворија турнирот „Вардар 2017“

Вардарки со победа го отворија турнирот „Вардар 2017“. Попладнево нашите девојки славеа победа над Кубан Краснодар со резултат 37:32 (19:15).

Тимот на Вардар само во првите петнаесетина минути од дуелот имаше егал натпревар против русинките, како одминуваше натпреварот така и Вардар си ја зголемуваше својата предност. Противникот на стартот имаше два гола предност, но црвено-црните со серија од 3:0 ја преземаа предноста. На полувреме се замина со три голови предност. Краснодар во прите пет минути од второто полувреме успеа да намали на два гола негатива, но тоа беше се што стори на овој меч. Избраничките на Дибирова во некои моменти од дуелот имаа и десет голови позитива,  на крајот победија со плус пет, 37:32.

Андреа Лекиќ, Барбара Лазовиќ, Јованка Радичевиќ и Андреа Пенезиќ со по 6 голови беа најпрецизни во нашите редови. Утре Вардар ќе одигра натпревар против Будуќност  со почеток од 17 часот.