Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Треба да ја гледаме само нашата игра, мислам дека моите играчи ќе дадат се од себе
Јаневски: Треба да ја гледаме само нашата игра, мислам дека моите играчи ќе дадат се од себе

Јаневски: Треба да ја гледаме само нашата игра, мислам дека моите играчи ќе дадат се од себе

Стратегот на Вардар, Чедомир Јаневски попладнево на прес – конференцијата на Вардар во Турција, истакна дека Вардар е подготвен за утрешниот дуел и дека 90% знае кој играч ќе го замени капитенот Грнчаров.

“Во Турција дојдовме да се надигруваме со сериозен тим. Утре почнуваме како да е 0-0. Тоа мора да се однесува и на теренот, знаеме добро за квалитетот на овој тим, кој има многу искусни sвезди во својот тим. Треба да ја гледаме само нашата игра, мислам дека моите играчи ќе дадат се од себе, со позитивна енергија која ќе не однесе во групната фаза. Ќе размислуваме до последен момент кој да настапи на место Грнчаров. Има уште една вечер за размислување, иако знам 90% во мојата глава кој ќе стартува на овој натпревар” – истакна тренерот на Вардар, Јаневски.