Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски: Не очекува голема борба, мора да оставиме срце на терен
Блажевски: Не очекува голема борба, мора да оставиме срце на терен

Блажевски: Не очекува голема борба, мора да оставиме срце на терен

Денес е голем ден за нашиот фудбалски шампион кој го игра реванш натпреварот од плејофот на лига Европа, против тимот на Фенербахче. Црвено-црните влегуваат на гостувањето во Истанбул со предност од 2:0. која мора да ја зачуваат доколку сакаат пласман во групната фаза од ова натпреварување. На вчерашната пре-сконференција во Истанбул, на медиумите се обрати играчот на Вардар, Дејан Блажевски кој најави голема борба на теренот.

-Имаме позитивен резултат од 2:0 со победата во Скопје на првиот натпревар. Не очекува голема борба, мора да оставиме срце на терен, да ги исполниме сите задачи што ќе ни бидат зададени од тренерот и да ја задржиме таа разлика од два гола. Мислам дека само со таков пристап ќе можеме да се пласираме во групната фаза. Ќе одиме да постигнеме гол, ќе ја играме нашата игра. Ние сме Вардар играме отворен фудбал. Сакаме да дадеме гол и со тоа да си ја олесниме работатa- рече Блажевски.