Навивачите на Вардар, популарните Комити, веќе се на пат за Турција каде вечерва ќе му бидат од голема значајност на својот тим, екипата на ФК Вардар.
Комитите уште еднаш покажаа и докажаа дека се спремни секаде да одат за својот Вардар. Некаде околу 200 Комити се тргнати на пат за Турција. Се надеваме дека и они исто како и играчите ќе се вратат со високо кренати глави и историја.