Денеска е денот “Д“ за фудбалскиот клуб Вардар. Вечерва во 19:30 часот нашиот тим на гости кај Фенербахче, ќе се обиде да се пласира во групната фаза од Лигата на Европа. Тимот предводен од Чеде Јаневски има предност од 2:0 од натпреварот во Скопје. Момците претпладнево беа опуштени и имаа прошетка крај убавиот Босфор во Истанбул.
