Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар може до групна фаза, ова е наша година!
Вардар може до групна фаза, ова е наша година!

Вардар може до групна фаза, ова е наша година!

Вардар вечерва ќе ја има историската шанса број два да дојде до групна фаза во едно европско натпреварување. Црвено – црните никогаш не биле поблиску во својата историја, црвено – црните имаат одлични два гола предност пред вечерашниот дуел.

Иако тимот на Фенербахче беше голем фаворит и на дуелот во Скопје, играчите на Вардар им покажаа на сите дека оваа година не се далеку од големите екипи и фудбалски sвезди. Сега Вардар на клупата има и одличен тренер во името на Чедомир Јаневски кој знае како да ја постави играта и уште еднаш да го надмудри противничкиот тренер.

Вардар е подготвен да истрча и да не се плаши да игра фудбал пред 47. илјади гледачи. Вардар е “печен” за историја и пласман во толку посакуваните групи. Никогаш немаме загубено натпревар од Турски тим, традицијата нека продолжи и вечерва.

Ова е наша година. Чеде знае како!